Куманово: Му влегле во ресторан и му искршиле се- повредени две лица

Вчера околу 01 часот и 20 минути во ресторан во село Слупчане – општина Липково, сопственост на 22- годишниот Р.М од село Лојане,настанала тепачка.

Имено влегле шест лица и седнале на маса (едниот бил познат на сопственикот) и по кратко време, лицата почнале да му се закануваат на Р.М. да се повлече од судски процес за некој претходен настан. Тие најпрво го оштетиле тоалетот, а потоа продолжиле да го кршат инвентарот, музичките инструменти и опремата- се вели во соопштението

Во соопштението се наведува дека истовремено едно од  лицата земало чаша со која го удрил 39- годишниот А.Г од село Ваксинце во пределот на лицето и главата. Притоа, со повреди се здобил и 38- годишниот Б.С од Куманово.

На повредените им била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

02.01.2018 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега