Го претепале со безбол палки пред кафеана во Прилеп

Двајца синови на сопственик на угостителски објект во Боговиње и вработен во објектот вчера вечерта физички го нападнале 28-годишниот М.А. од Тетово пред локалот.

Како што информираат од полицијата тие го удирале со бејзбол палки и други тврди предмети.

-На М.А. му била укажана медицинска помош во Медицински центар Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

06.01.2018 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега