Скопјанец со секира и нож му дошол на врата на дедото

Во 13 часот вчера во Единицата за информации и команда Скопје, 46-годишниот И.М. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 10 часот неговиот внук Д.И. со кого имал нарушени односи, сакал насилно да  влезе во неговиот дом,  по што  го истуркал надвор.

Потоа, Д.И. земал нож и секира, која се наоѓала пред влезната врата и почнал да замавнува и ја оштетил вратата и стаклото на влезот на куќата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

06.01.2018 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега