Голема трагедија за македонци во САД: Дечиња останаа без мајка, таткото во тешка состојба

Петчлено семејство од Струмица настрадало во сообраќајна несреќа во САД.

Од засега непознати причини автомобилот со кој се превезувало семејството Доневи излетал од патот во близина на Нешвил, во aмериканската држава Тенеси.

Во несреќата загинала 41-годишната струмичанка Виолета, а нејзиниот сопругот е потешко повреден. Трите нивни деца, едно машко и две женски близначки, поминале со полесни повреди.

Семејството Доневи, кое над десетина години живееле во Чикаго, кобниот ден се враќало од Флорида.

Македонците кои живеат во САД покренаа иницијатива за собирање финансиска помош за настраданото семејство.

 

 

 

07.01.2018 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега