Трајанов: Името да се реши во Собрание - референдум ќе биде алиби за рушење на процесот

Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов апелира референдумот за името да биде консултативен а главната одлука да ја донесе Парламентот.

„За да се дојде до решение е неопходна политичка храброст, одговорност и лидерство.

Решението кое не го загрозува нашиот идентитет, јазик и достоинство,може да биде основа за ги деблокира евроатланските процеси и Македонија да добие покана за членство во НАТО и започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ.

Но каков и да е компромисниот договор, конечната одлука треба да ја донесе Парламентот,со што народните избраници ќе ја преземат одговорноста за иднината на државата како легимни претставници на народот.

Референдумот може да биде алиби на политичките водства и да го сруши целокупниот процес, доколку претходно не се обезбеди политички -партиски консензус.

Затоа ја возобновуваме идејата за консултативен референдум.

Демократскиот сојуз апелира сериозно да се размисли за идејата за одржување на консултативен референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат пред да се постигне конечен договор помеѓу Македонија и Грција.“ – вели Трајанов во соопштението испратено од неговата партија.

 

 

 

 

 

10.01.2018 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега