Касами ги разрешил основачите на Беса од партиските функции

Двајца од тројцата основачи на Движење Беса, Африм Гаши и Скендер Реџепи – Зејди, на 4 јануари, од страна на Биљал Касами, се разрешени од нивните функции во Одборот и Централното раководство на партијата, објави ТВ 21.

Третиот, Зеќирија Ибрахими, во знак на револт, самиот си поднесе оставка од овие позиции. На одлуката на Касами пишува дека Гаши спротивно на статутот на партијата, свикал и водел седница на Централниот одбор, а Зејди бил иницијатор на вонредниот состанок на Централниот одбор.

Во синоќешната емисија „Клик Плус“, претседателот на Беса објасни зошто не поднел оставка како што ветил во текот на кампањата. Како што вели тој,  не е одговорен за негативниот резултат на партијата на изборите.

 

 

 

10.01.2018 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега