Гостиварец приредувал игри на среќа во објект без лиценца - запленет целиот инвентар

Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против 51-годишниот Р.Н. од село Раковец, општина Боговиње, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело “приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“. 

Како што соопштуваат до полиција, Р.Н. во текот на ноември минатата година во објект без назив лоциран во село Врапчиште, пријавениот во својство на физичко лице организирал и приредувал игри на среќа без издадена лиценца и со ваквото дејствие пријавениот го оштетил буцетот на Р.М која штета накнадно треба да се утврди. При извршената контрола од пријавениот се одземени: пет телевизори, два компјутери, две тастаури за компјутер, две куќишта за компјутер, три печатари за тикети, централа за поврзување, по два читачи за тикети и други предмети. 

 

 

 

11.01.2018 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега