Откриена уште една нелегална обложувалница во Тетово

Полициската станица Тетово поднесе кривична пријава против 23- годишниот Љ.Е  од Тетово  поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „приредување на игри на среќа без лиценца,односно без дозвола од надлежен орган”, казниво по член 156 став 3 од Законот за игри  на среќа и забавни игри и кривично дело „комар“.

Од МВР се наведува дека пријавениот во својство на физичко лице во текот на 2017 година, во објект наменет за спортската обложувалница на улица  „133“ организирал и приредувал игри на среќа без лиценца поточно без издадена дозвола од надлежен орган.

На 17.12.2017  година,  од страна на полициски службеници при  вршење на контрола во наведената спортска обложувалница, биле затекнати пријавениот и уште две лица вработени во објектот. Притоа, биле одземени 14 компјутери, шест монитори за компјутер, пет принтери, читач за опрема, 15 телевизори, апарати за игра со кучиња, шест тастатури за компјутер и 14 ливчиња за обложување на игри на среќа.  Исто така, при контрола во пултовите наменети како шанкови биле пронајдени  510 евра и 77.350 денари. 

 

 

 

15.01.2018 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега