Жбогар: Очекуваме опозицијата да се врати во Собранието

 

Амбасадорот на Европска Унија во Македонија, Семјуел Жбогар на презентацијата за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ истакна дека напредокот на државата ќе биде измерен преку спроведување на реормите, затоа се потребни и видливи промени. Тој побара од опозицијата да се врати во Собранието и да учествува во донесување на одлуките, кои ќе ја придвижат земјата кон Европа.

„Реформите бараат постојан дијалог со сите сегменти од општеството. Бараме враќање на опозицијата во Собранието за да можат да учествуваат во носењето закони и движење на земјата кон Европа. Во следниот период се очекува промена, спроведување на договорот од Пржино. Собранието има најбитна улога во спроцедување на итните реформски процеси“, порача амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар на денешната ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија во Собранието.

 

 

 

 

15.01.2018 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега