Уште еден македонски репрезентативец во Серија А

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими дефинитивно го напушти Марибор и се сели во италијанската серија А.

Битката за нашиот интернационалец ја доби  калчолигашот Каљари со кого Ибраими ќе потпише договор за кој неофицијално дознаваме дека ќе вреди 4 милиони евра. 
Ибраими во 50 натпревари во Марибор постигна 17 голови а беше редовен стрелец и на последните натпревари на македонската репрезентација.
Фактите од договорот официјално ќе бидат објавени во понеделник кога и ќе биде потпишан договорот.
Ибраими е трет Македонец по Панчев и Пандев што ќе игра во најсилната италијанска лига. 
01.09.2013 - 21:57

најчитано сега