Труп заглавен меѓу карпи во Вардар - екипите два дена не можат да го извадат

Околу 12 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Велес било пријавено дека во близина на селото Сопот, во водите на реката Вардар бил забележан човечки леш, заглавен помеѓу карпи.

Екипа од Единицата за специјални задачи излегла на лице место, но поради временските услови и непристапниот терен, не успеале да го извадат телото од водите на реката.

Денеска припадници на Единицата за специјални задачи ќе продолжат со преземање мерки за вадење на телото од водата.  

 

 

 

16.01.2018 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега