Гостивар: Дај ми 400 евра или сите ќе ти ги видат голите фотографии

Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б.Л.  од селото Врапчиште-гостиварско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „уцена“.

Во октомври 2017 година, пријавениот со цел да прибави противправна имотна корист за себе  уценувал 18 годишна девојка од селото Добридол, дека преку социјални мрежи ќе објави нејзини компромитирачки фотографии доколку не му исплати 400 евра или да излезе со него.

 

 

 

16.01.2018 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега