Рангелова повторно избрана да ја води Унијата на жените на ВМРО-ДППМНЕ

 

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека на вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука за формирање нов извршен комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, а таа повторно била избрана да го предводи новиот состав на Унијата на жените на партијата.

„Ми претставува задоволство и чест што имам можност и одговорност да го предводам и новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жените. Сакам да му се заблагодарам на претходниот состав на Извршниот комитет на Унијата на жените за нивната работа и успеси. Единствени и силни продолжуваме да чекориме напред!“, напиша Рангелова.

 

 

 

16.01.2018 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега