Тетово: Со цигла искршил прозорци на црква, па украл што стигнал

Во село Фалише-тетовско, вчера било пријавено во полиција дека од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба во црквата „Свети Атанасије“, при што биле одземени 1.800 денари две икони и околу еден килограм свеќи. 

Имено сторителот со цигла скршил еден од прозорците на црквата, влегол внатре и откако ги одзел предметите го напуштил местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

19.01.2018 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега