Македонец измамен за работа во Германија платил 80.000 денари

Вчера во 09:30 часот 32-годишниот И.М. пријавил дека од 11 до 16.01.2018 година од страна на лицето Д.К. бил измамен, а во врска со претходна објава на интернет огласи за вработување во Германија.

Оштетениот контактирал за работата во Германија со лицето Д.К. при што овој му рекол дека треба да почнат веднаш со постапката на уплаќање за превод на формулари од македонски на германски јазик и плаќањето да го изврши на жиро сметка во банка, при што оштетениот направил повеќе трансакции на жиро сметка во износ од 80.000 денари. 

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

19.01.2018 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега