Трагедија: Битолчанка пронајдена мртва со изгореници по телото

Доцна синоќа, после полноќ, околу 00,10 часот било пријавено дека во Битола на улица „Сремска Митровица“ во нејзиниот дом била пронајдена почината 66- годишната В.А.

 Од МВР велат дека од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатрана смрт со видливи изгореници кај лицето, како и во пределот на двете нозе и стомакот.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Битола.

-Било констатирано дека нејзиниот син 25 годишниот П.В околу 13,00 часот, вчера излегол на работа и се вратил околу 00,10 часот, кога и ја затекнал својата мајка без знаци на живот на подот во дневната соба, во непосредна близина на кварцната печка.Потоа ја кренал и ја ставил на креветот, по што повикал Итна медицинска помош- се вели во соопштението

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.  

 

 

 

 

20.01.2018 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега