Автомобил излетал од патот во Велес- возачот итно пренесен во болница

Вчера околу 19 часот и 30 минути на регионалниот пат Градско-Велес, на местото викано Скачинска Река - oпштина Градско, се случила сообраќајна незгода.

Имено 27- годишниот Н.Н од Велес, управувајќи патничко моторно возило „Пежо-206“ со велешки регистерски таблици изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и удрил во земјен брег- стои во соопштението

Возачот бил  пренесен во општата болница во Велес, каде бил задржан за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

20.01.2018 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега