Хрватите не му веруваат на Червар- моногумина се сложуваат со Борко (фото)

Хрватската јавност го обележи Лино Червар како виновник за хрватската променлива игра на Европското првенство и многу веројатно ако вечерва „каубојите“ не ја победат Норвешка, Червар на мала врата ќе си замине од хрватската клупа.

Дел од медиумите се резервирани, а некои се разжестија по изјавата на нашиот репрезентативен голман, Борко Ристовски, кој го нападна Червар за својата стручност, тврдејќи дека најслаба страна на хрватската селекција е токму селекторот.

Иако хрватските медиуми не ја продлабочија темата додека трае турнирот, на социјалните мрежи и форуми се осудува речникот на Ристовски, но не и неговите резони. Така, во анкета на „Индекс“, 82% сметаат дека Борко е во право и дека времето на Лино поминало, а само 18% сметаат дека погрешил.

Резултатите диктираат мислење, па уште вечерва ќе видиме дали сонот на Червар и Хрватска за европско злато останува или пак ќе се сруши. На Хрватска може и две победи да не и се доволни за пласман во полуфиналето на Европското првенство.  

Извор: Гол.мк

 

 

 

20.01.2018 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега