Страшна несреќа синоќа во Македонија: Маж почина на лице место, повредено и 13-годишно дете

Синоќа, во 2 часот и 30 минути на магистралниот пат Охрид-Ресен кај село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Фиат Мареа“ со охридски регистерски таблици управувано од 21-годишниот С.М. од село Оровник-општина Дебарца и патничко моторно возило „Фиат Пунто“ управувано од 63-годишниот Т.К. од село Лескоец-охридско. 

Како што инормираат од МВР, во сообраќајната незгода на местото на настанот починал совозачот во возилото „Фиат Пунто“ 50-годишниот К.М. од село Лескоец-Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот Т.К. и уште двајца сопатници од истото возило: 38-годишниот М.М. и едно 13 годишно дете. 

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

21.01.2018 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега