Сообраќајка во Скопје - жена веднаш префрлена во болница

Вчера околу 17 часот во Скопје на булеварот„Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Лада Нива“ со скопски регистерски таблици управувано од 70-годишниот Т.А. од Скопје удрило во бетонска жардиниера. 

Во несреќата со повреди се здобила сопатничката К.С. и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на доктор и биле констатирани тешки телесни повреди и истата е задржана на понатамошно лекување. 

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

21.01.2018 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега