Драма пред скопска кафеана: Момче нападнато со стаклено шише и клоци по главата

Синоќа во 1 часот и 40 минути во полициска станица во Скопје, 19-годишниот С.С. пријавил дека истиот ден околу 1 часот по полноќ на улицата „Венјамин Мачуковски“ во Скопје на паркинг пред угостителски објект физички бил нападнат од неколку лица.

Имено, откако С.С. излегол од објектот со двајцата негови пријатели, бил пресретнат од група на повеќе лица при што едно од лицата физички го нападнал удирајќи го со едно стаклено шише во пределот на главата, а потоа и со еден удар со нога повторно го удрил по главата.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

21.01.2018 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега