Обвинителството го расветлува синоќешното убиството на жената во Чаир

Основното јавно обвинителство (ОЈО) - Скопје го расветлува синоќешното убиство на жената во населбата Чаир. Како што соопшти, јавен обвинител донел Наредба за обезбедување и прибирање траги од местото каде се случило убиството.

Издадена била и Наредба за вршење обдукција на починатата.

„Обвинителството презема бројни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот и кривичната одговорност на сторителот. Истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје продолжува“, се вели во соопштението од ОЈО - Скопје.

Од МВР денеска информираа дека четириесет и едногодишна жена од Тетово синоќа починала на пат кон болница од повреда од нож во стомакот што и ја нанел нејзин роднина во Скопје.

Синоќа во 22 часот 50 минути во СВР-Скопје било пријавено дека во куќа на улицата „Дижонска“ 33- годишниот М.Ш од Скопје со нож ја прободел во стомакот 41- годишната Ж.К од Тетово, со која бил во роднински врски, откако претходна таа го нападнала со стап.  

 

 

 

21.01.2018 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега