Арачиново: Седел во двор со семејството - братучед му дошол со пушка и почнал да пука

Во 14 часот и 30 минути во  Полициско одделение Арачиново, 33-годишниот Н.С. од Орланци пријавил дека истиот ден околу 13  часот откако со  тракторот пристигнал  во  неговиот двор од зад грб слушнал еден  истрел  од  огнено  оружје.

Откако се симнал  од  тракторот забележал  дека  неговиот  братучед М.С.  држел  автоматска пушка  во  раце, а  неговите двајца  браќа се  обидувале  да  го  спречат,  по  што М.С. избегал.

По  кратко  време М.С. повторно дошол до  пријавителот,  кој  седел  во  дворот  со  неговата  мајка, сопруга, како и  неговите три деца и од автоматска  пушка  испукал  неколку  рафални  истрели кон Н.С.   по што го напуштил местото на настанот.

Од пукањето нема повредени, а причина била меѓусебната нетрпеливост поради нерасчистени имотно правни односи.

На местото на настанот извршен е увид од страна на  увидна  екипа од СВР- Скопје и подигнати  се три  чаури. Се работи на целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

22.01.2018 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега