Села: Алијансата за Албанците отворена за преговори за влез во Владата
Алијансата за Албанците и понатаму е отворена за преговори за нејзино враќање во Владата на премиерот Зоран Заев, но само ако се исполнат веќе познатите барања. Ова во Дебар синоќа го изјави Зијадин Села, на средбата со членовите и симпатизерите на партијата, пренесе Макфакс.
Тој упати остри критики на адреса на ДУИ бидејќи, според Села, нема сторено ништо за правата на Албанците.
Таравари рече дека проблемот со министерството за здравство во Владата е наметнат проблем.
- „Со премиерот Заев во преговорите министерството е дадено на партијата Алијанса за Албанците, а не на одредена личност, што значи дека право е на партијата кого ќе го номинира за министер“, рече Таравари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа