Стоилов: Нема што да се каже, не утепаа

Во ситуацијата кога се повреди Кирил Лазаров, а на клупата остана и Филип Миркуловски, Раул одлучи да го повлече и Столе Стоилов што секако беше јасна најава за чување на силите за претстојните два предизвици на Европското првенство, односно дуелите со Чешка и Данска- пишува Дерби.

Столе кој е еден од поискусните играчи во селекцијата не криеше дека Шпанците сосема супериорно ги надиграа на мечот во Вараждин, но сепак издвои еден играч кој според него комплетно ги откажал „црвено-жолтите“, говорејќи за голманот Перез де Варгас.

– Лошо влеговме во натпреварот, лошо почнавме, а потоа едноставно не успеавме да се вратиме. Кире се повреди кога требаше да фатиме приклучок, а нивниот голман не утепа. Нема што да се каже, разликата беше многу голема на полувремето, па Раул одлучи да одмори играчи за Чешка и Данска. Ништо не е загубено, со две победи ќе бидеме во полуфинале. Не сакам да размислува за полуфинале, и претходно кажав дека одиме натпревар за натпревар. Ете, загубивме денес, но имаме уште два натпревари. Да преспиеме, да заборавиме на ова и да се насочиме кон натпреварот со Чешка, – посочи Столе.

 

 

 

22.01.2018 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега