Ова е првиот полуфиналист на Европското првенство во ракомет

Ракометарите на актуелниот светски првак во првиот денешен натпревар од програмата во групата 1 во Загреб очекувано ја совладаа Србија со 39:30.
 
Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Европското првенство во ракомет што се одржува во Хрватска.
 
Ракометарите на актуелниот светски првак во првиот денешен натпревар од програмата во групата 1 во Загреб очекувано ја совладаа Србија со 39:30 (19:12).
 
Независно од исходот од последниот дуел на Франција со Хрватска што се игра во среда „триколорите“ се веќе пласирани во борбата за медалите. Воедно тие се единствената селекција со максимален учиниок досега на шампионатот. Најефикасни на денешниот дуел беа Лука Карабатиќ кај Франција и Немања Зеленовиќ во редовите на Србија, двајацата со по 7 голови.
 
Во вториот натпревар во „Арена Загреб“ ќе играат Шведска и Белорусија.
 
Франција е прва на табелата со 8 бодови, Хрватска има 6, Шведска 4, Норвешка 4, Белорусија 0 и Србија 0. 
 

 

 

22.01.2018 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега