Катастрофа во загрепска „Арена“: Франција ја демолира Хрватска по 30 минути игра

Лино Червар и хрватските ракометари се пред елиминација на Европското првенство кое се игра токму во Хрватска.

По 30 минути игра, Хрватите губат со шест погодоци разлика, односно Франција има убедлива предност од 19:13.

На Хрватска потребно и е или да победи, или пак да изигра нерешено за да се најде на едно од првите две места во групата во Загреб, кои водат во полуфинале.

 

 

 

24.01.2018 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега