Се огласи и Лино Червар по загубата на дуелот

По вечерашниот неуспех на Хрватска на Европското првенство во ракомет, веројатно следува ново заминување на Червар од кормилото на Хрватска, каде дојде непосредно пред почетокот на ова ЕП, со желба дека конечно ќе бидат златни во ракометот.

„Точно е дека имам договор до крајот на ова првенство, ја водев репрезентацијата по 166. пат и навистина не се штедев. Се разбира дека и без мене Хрватска има иднина во ракометот. Верувам дека оваа земја има доволно стручни луѓе кои можат да донесат многу успеси во иднина, а јас ќе го подржам идниот селектор“.

 

„Во овој натпревар влеговме со многу емоции, за жал емоциите не надвладееа и ни го земаа разумот, па тоа резултираше со големо заостанување. Никако не сум задоволен од агресивноста на нашата одбрана во првиот дел, затоа што примивме премногу евтини голови од далечина“, истакна Червар.

 

 

 

25.01.2018 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега