Уште еден Фестивал за креативни индустрии во Скопје

Второто издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива 2013“ ќе се одржи од 10 до 12 октомври пред платото на Универзална сала - Скопје. Сите заинтересирани уметници-индивидуалци, здруженија, компании може да се пријават на конкурост кој организаторот го објави.

Фестивалот го организира „Соларис продукцијата“ од Скопје, а е поддржан од Град Скопје и Универзална сала.

Годинешното издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“, ќе биде насочено кон промоција на иновации од областа на компјутерскиот дизајн, музиката, филмот, дизајнот на мебел и најразлични иновативни производи и услуги создавани од македонски уметници и компании.

03.09.2013 - 09:04

најчитано сега