Продлжен притворот за Абдулфета Алими обивнет за случувањата на 27. април

Мерката притвор пред време е продолжена за Абдулфета Алими, осомничен за “терористичко загрозување на уставниот поредок“ за настаните на 27 април. Абдулфета е обвинет за недејствување, односно дека не ги спречил пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги отворат вратите во Собрание.

Одбраната на Алими смета дека продолжувањето на притворот е политичка одлука која ќе ја обжалат пред Кривичниот совет.

„Одлуката за продолжување на притворот 16 дена пред истекот на сегашниот притвор, остава простор за сомневање дека одлуката е тенденциозна и со политичка позадина. Секако дека со предвидениот рок од 48 часа ќе се жалиме на одлуката, ќе бараме јавна седница и ќе бараме осомничениот Абдулфета Алими веднаш да биде ослободен.“ – изјави Артене Адеми, адвокат.

 

 

 

30.01.2018 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега