Одобрено обвинението за „Титаник“

  Обвинителниот акт на СЈО за предметот „Титаник“ денеска е одобрен од Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1.

Од Кривичниот суд соопштија дека по одобрениот обвинителен акт формиран е кривичен предмет со КОК бр. 7/18 кој согласно АКМИС – електронскиот систем e распределен на понатамошно постапување, а откако ќе биде закажана главната расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Предметот „Титаник“ е прв случај што го обелодени СЈО, а се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Обвинети се поранешни функционери меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

 

 

 

31.01.2018 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа