Донев разрешен без да ги врати парите за скапиот авиобилет

Вчера неколку часа пред Владата да го разреши Александар Донев, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризм, за „Макфаст“ изјави дека парите не ги уплатил оти сè уште чека спецификација од Министерството за труд и социјала бидејќи решил да ги донира за опремување соба за лица со посебни потреби, што ја подготвувало Министерството.

„Решив тие 40.000 денари, колку што изнесува разликата меѓу билет во бизнис-класа и билет во економска класа, да ги уплатам за опремување соба за лица со посебни потреби, а уплатата се уште не е реализирана оти Министерството не ми испрати спецификација за тоа што сè ќе има таму. Со 40.000 денари не може да се опреми цела соба, па од спецификацијата зависи за што конкретно ќе ги уплатам средствата“, изјави Донев за „Макфакс“.

Донев на вчерашната седница беше разрешен поради невнимателно и несовесно работење.

 

 

 

 

 

31.01.2018 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега