„Транспортер“ одложен за 21 февруари

Продолжението на судењето за предметот „Транспортер“ на СЈО е одложено за 21 февруари.

Причина за одложувањето, како што образложи судијката Добрила Кацарска на денешното рочиште, е тоа што се уште не допбиен одговор за поднесена жалба од Апелацискиот суд. Од истата причина беше одложено и претходното рочиште.

Кацарска денеска предложи и дополнителни термини за судење: 22 февруари, 7 и 9 март.

На денешното рочиште присуствуваше поранешниот битослки градоначалник Владимир Талески, кој заедно со уште 20-тина лица се обвинети за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.

 

 

 

31.01.2018 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега