Нимиц утре ќе се сретне со државниот врв - очекува добри средби како во Атина

Медијаторот на Обединетите нации за спорот за името, Метју Нимиц, по пристигнувањето во Скопје изрази надеж дека ќе има добри средби со македонскиот политички врв како што имал и во Атина.

„Имавме добри средби во Атина. Се надевам дека ќе имаме добри средби тука. Со нетрпение ги очекувам средбите со Владата и со другите водечки фигури“, рече Нимиц за медиумите.

Во текот на утрешниот ден медијаторот Нимиц ќе оствари средби со претседателот Иванов, премиерот Заев, министерот за надворешни работи, Димитров, како и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Мицкоски и Ахмети.

 

 

 

31.01.2018 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега