Република ГорнаМакедонија (споено) е грчкиот предлог за името

Медијаторот Нимиц пристигна во Скопје. Со македонските соговорници очекува добри средби, какви што имал во Атина, а денеска е на средба со државниот врв, претседателот Иванов, премиерот Заев, министерот Димитров и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Мицкоски и Ахмети.

- ,,Имав добри средби во Атина и се надевам дека ќе имам добри средби и овде. Со нетрпение ги очекувам средбите со владата и со другите личности. Немам што да додадам‘‘, изјави Нимиц.

Портпаролот на владата не беше дециден дали биле известени за нацрт спогодбата што Грција ја подготвува како крајно решение, но потврди дека работат заедно.

,- ,Преговорите се водат под медијаторство на медијаторот Метју Нимиц во рамките на ООН. Во рамките на таа рамка се водат и директни средби помеѓу министерствата за надворешни работи и после Давос тоа се крена на еден степен погоре, односно на премиерите. Преговорите се водат така што взаемно ги работиме сите работи, заедно‘‘, вели Бошњаковски. 

Во меѓувреме, грчкиот весник Ефимерида тврди дека Нимиц дошол во Скопје со решение за името, кое не е ниту Република Нова Македонија, како желба на Скопје, ниту Република Вардарска Македонија, желба на Атина. Според весникот, кој се повикува на веродостоен извор, Нимиц на маса ќе го стави името Република ГорнаМакедонија, споено и без превод на англиски. Притоа се тврди дека името ќе се изговара како еден збор, за да не се користи само терминот Македонија.

Ефимерида тврди дека двете страни всушност постигнале согласност за се, односно дека наскоро ќе се потпише договор за името, промени во уставот на земјава, но и обврските за Грција во следниот период.

 

 

 

 

 

01.02.2018 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа