Атина се спрема за протест: „Сега сите заедно, комитите ни се пред врата“

 

По масовниот протест во Солун, грчките организации и здруженија, најавуваат нов собир, но овој пат во грчката престолнина – Атина. Протестот ќе биде насочен против политиката на Сириза и на премиерот Алексис Ципрас, кој изрази подготвеност да дозволи во името на северниот сосед да биде содржан и терминот „Македонија“.

Во главниот град на Грција веќе се делат летоци со повик до граѓаните да земат масовно учество на митингот. На летоците е прикажана голема крволочна мечка – која ги преставува комитите од “Македонија” кои се голема закана за Грција. Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, грчките Андарти комитите ги нарекувале “мечки”. Мечката на летокот со нож ја коле грчкиот народ. „Ѝ требаш на Македонија” и “Сега сите заедно“, пишува на летокот на кој неколкумина Грци заедно држат еден огромен нож со грчко знаме насочен кон мечката.

Организацијата на митингот испланирала и автобуси што и од најдалечните села ќе ги носат Грците што се против каква било употреба на името Македонија во соседната држава. Се споменува и некоја бројка од можно учество на 500 илјади луѓе.

 

 

 

01.02.2018 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега