Бакојани за името „Македонија“: И јас сакам да сум Синди Крафорд

Запрашана дали терминот „Македонија“ треба да биде дел од идното име на соседната земја, поранешната министерка за надворешни работи на Грција вели дека постојат желби, но постои и реалност.

„Искрено, и јас би сакала да изгледам како Синди Крафорд, но …“, рече таа.

Бакојани, поранешната градоначалника на Атина, шефица на грчката дипломатија, ќерка на екс-премиерот Мицотакис и сестра на лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, подржува име што ќе го вклучува и терминот „Македонија“, доколку тоа биде проследено со промени во уставот на соседната земја, со што ќе се елиминира секој иредентизам.

Таа рече дека како поранешен министер за надворешни работи, се согласила за име „erga omnes” во Букурешт во 2008 година и дека „тоа е сè уште најдобар начин да се реши спорот“.

 

 

 

01.02.2018 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега