Ограбен поштар во Скопје додека разнесувал пратки

Вчера околу 10  часот на улицата „Македонско Косовска Бригада“ во Скопје непознат маскиран сторител извршил разбојништво над 47-годишниот А.Ф. од Скопје, вработен како поштар во АД „Македонски пошти“.

Сторителот со закана со пиштол од А.Ф. одзел чанта во која имало од 15.000-20.000 денари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

02.02.2018 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега