БЕСА го преместува седиштето во нови простории
Основниот Суд Скопје 2 го прифати барањето на крилото на Билал Касами за преместување на седиштето на партијата. Во документот што го објави Алсат М, седиштето на Движењето Беса официјално се преместува на друга локација во општина Чаир во Скопје.
Другото крило на овој субјект продолжува со работа во поранешните канцеларии на партијата. Поделбите во Движењето Беса дојдоа по разрешувањето на Билал Касами, по состанокот одржан од страна на скопското крило.
Нови случувања за надминување на внатрепартиските судири нема, но партијата се подготвува за првиот Конгрес на 24 февруари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа