СДСМ: Продолжуваме со остарување на мерките за подобар живот

 

Владата предоводена од СДСМ одговорно, отчетно и домаќински продолжува да ги остварува зацртаните мерки од Планот за живот што обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани, велат денеска од СДСМ.

-Министерството за одбрана започна со исплата на повисоките плати, зголемени за 10 отсто, на целокупниот персонал вработен во служба на Армијата на Република Македонија. Со покачувањето на платите во Армијата, прво во последните неколку години, се потврдува заложбата на Владата да води грижа за животниот стандард на вработените во АРМ. Дополнително, покрај зголемувањето на платите, Министерството за оваа година планира и над 300 нови вработувања во АРМ, како и набавка на нови униформи за војниците. Јасно се покажува намерата на Владата предводена од СДСМ да инвестира во подобро опремена и подобро платена армија, се вели во соопштенитео на СДСМ.

 

 

 

03.02.2018 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега