Уличните кучиња се почесто напаѓаат граѓани: Искасани четворица скопјани

Во денешниот полициски билтен се објавени неколку пријави од граѓани кои биле искасани од улични кучиња.

Вчера во 12 часот и 15 минути во полициската станица Центар 63- годишниот С.П пријавил дека истиот ден околу 11 часот додека се возел со велосипед по улица“Кеј 13-ти Ноември“ бил нападнат-каснат од група кучиња во пределот на десната подколеница.

Истиот ден во 15:00 часот во полисиската станица во Центар 38- годишниот  Ѓ.И пријавил дека на 01.02.2018 година околу 11:00 часот на плоштад Македонија бил нападнат-каснат од куче скитник на задната страна од десната нога, се вели во соопштението, додека пак во 14 часот и 40 минути во полициската станица во Ѓорче Петров 59- годишната С.М пријавила дека  на 01.02.2018 година околу 09:30 часот на улица “Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на десната подколеница.

Покрај ова истиот ден во ПС Ѓорче Петров е пријавено од страна на 60- годишната В.Р. дека околу 10 часот и 30 минути на посочената улица “Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на левата подколеница.

 

 

 

04.02.2018 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега