СДСМ: Промената на изгледот на Македонија од „Фич“ потврда за успешност на реформите

 

Меѓународната агенција „Фич“ го промени изгледот на Македонија од негативен во позитивен со потврден ББ рејтинг.

Ова е уште една позитивна вест за Република Македонија, велат од СДСМ.

„Промената на изгледот на Македонија од негативен во позитивен од страна на „Фич“ е потврда дека реформите коишто ги спроведува владата предводена од СДСМ, финансиската и економска стабилизација, како и економските мерки носат позитивни резултати.

На подобрувањето на изгледот влијаеше политичката стабилизација, подобрувањто на меѓународната позиција на земјава, напредокот на реформите од Планот 3-6-9, резултатот на локалните избори како потврда на дадениот мандат на граѓаните за реформи.

На потврдата на рејтингот ББ влијаеа одржувањето на ниска инфлација, како и обезбедената финансиска стабилност преку соодветна финансиска политика. 

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи одговорно, спроведувајќи мерки што се во интерес на граѓаните и коишто обезбедуваат придвижување на економијата, подобар животен стандард, економски раст, повисоки плати и отворање нови работни места“, стои во соопштението од партијата.

 

 

 

04.02.2018 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега