Интензивни врнежи од снег во Македонија - забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

 Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар и обратно се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 22:00 часот, информира Јп Македонијапат. 

Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во 19:50 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила, информираа вечерва од Диспечерскиот-информативен центар на ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на ЈП Македонија пат. Во Маврово врнежите се од дожд и снег.

Намалена видливост поради појава на магла од 10 – 15 метри има на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Посочуваат дека нивни дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

 

 

 

07.02.2018 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега