Николоски: Оваа држава треба да остане да се вика Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот

Оваа држава се вика Република Македонија и треба да остане да се вика Република Македонија, тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.  ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во „24 Анализа“ на Телевизија 24.

-Процесот треба да биде во рамките на Обединетите Нации, инаку Македонија ќе биде губитник.  Грција е далеку посилна од Македонија, и ние тој притисок и уцена од Грција го чувствуваме, рече Николоски, кој додаде дека треба прво да се види пакетот за името, за да може да се даде конкретно мислење.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот. 

Николоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не е на „нож“ со САД, туку дека во нив гледаат партнер.

 

 

 

07.02.2018 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега