Нимиц идната недела на средба со Коѕијас и Димитров - Заев подготвен за географска одредница

Нова средба во рамките на процесот за преговори под посредништво на медијаторот Метју Нимиц на министерско ниво ќе се одржи следната недела.

Ова го потврди на вчерашната прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев. 

-  Се надевам дека уште идната недела под раководство на Метју Нимиц ќе се одржи состанок помеѓу двајцата министри како ново ниво на преговарачкиот процес што е договорено, рече Заев на прес-конференцијата посветена на средбата на Владата и Агенцијата за млади и спорт со спортски работници. 

Инаку, завчера Заев по неколкучасовната средба од неодамна во Давос, со грчкиот колега Ципрас, објави дека ќе се менуваат имињата на автопатот кој сега е Пријателство и Аеродромот кој станува Меѓународен аеродром Скопје.

Заев рече и дека Владата е подготвена за име со географска одредница, но не прецизираше детали.

 

 

 

08.02.2018 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега