ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ да го реши проблемот со загадувањето во Центар

100 дена Саша Богдановиќ. 100 дена лаги. 100 дена загаден воздух. 100 дена поминаа, а ветувањето на Богдановиќ за услови за здрав живот за сите се испоставија како голема лага. Скопје 3 месеци се гуши во смог и е на врвот на светските листи за загаденост на воздухот. Богдановиќ и СДСМ кои ја имаат власта на сите нивоа не преземаат ништо. Општина Центар најмногу ги чувствува последиците од загадувањето каде често концентрацијата на ПМ10 изнесува од 8 до 10 пати над дозволеното, истакна Јована Мирческа на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека општината е загушена во смог. Богдановиќ мува не го лази. Од ветените експресни мерки нема ништо. Постарите граѓани и граѓаните со хронични болести, како и малите дечиња секојдневно ги полнат здравствените установи. Богдановиќ мора да преземе мерки за намалувањето на загаденоста. Центарци тоа го бараат. СДСМ и Богдановиќ ветуваа поголема хигиена на улиците во општината. Хигиената не е подобрена. Исто како во времето на Жерновски имаме нечисти улици, незаштитени градилишта и високо ниво на нехигиена, рече Мирческа и додаде:

„Богдановиќ нема реализирано ниту една енергетско ефикасна фасада, ниту пак има најава кога планира тоа да го направи, ниту пак на кои згради. Граѓаните се изманипулирани и излажани. Ветувањата на Богдановиќ останаа само празни зборови. Секојдневно стотици кучиња се шетаа низ општината, а од стационарот кој го ветуваше Богдановиќ остана само мртво слово на хартија. Господине Богдановиќ граѓаните очекуваат конкретни мерки и проекти. Граѓаните очекуваат остварување на ветеното. На Центарци им е преку глава од лаги и манипулации пред избори.

 

 

 

08.02.2018 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега