Утре во Скопје, седма рунда за консултации за градење доверба со Грција

Македонското и грчкото министерство за надворешни работи утре во Скопје ќе одржат седма рунда консултации како дел од Мерките за градење на доверба меѓу двете земји.

Се очекува во двете делегации учество да земат и претставници на повеќе ресорни институции.

Иднатa недела на 15 и 16 февруари министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Коѕијас и Димитров ќе се сретнат со медијаторот Метју Нимиц во Софија, на нова рудна разговори со што се означува и стартот на интензивен преговарачки процес во обид да се изнајде решение за спорот со името до крајот на март.

 

 

 

08.02.2018 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега