СДСМ:Со блокадите, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба работат спротивно од потребите на граѓаните

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба работи спротивно на интересите на граѓаните со блокада на работата на Советот. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба исклучиво заради теснопартиски интереси не дозволуваат жителите на Јурумлери и околните населени места да добијат современ и ефикасен систем за одводнување и пречистување на отпадни води, реагира СДСМ.

„Оправдувањата дека со тој проект општината ќе се задолжеле се неосновани и лицемерни, особено ако се земе предвид фактот дека токму локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ аплицирала овој проект да се финансира преку заем од Светска Банка. Деструктивното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ освен на штета на граѓаните оди на штета и на општинскиот буџет. Советниците на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба, спротивно на Законот за градежно земјиште не дозволија да биде донесена Програмата за работа во областа на располагање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, која е со времетраење до 11 март 2018 година и со која е предвиден приход од девет милиони евра. На овој начин, со блокади, советниците на ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да го оневозможат развојот на општината со што работат спротивно на интересите и потребите на граѓаните на општина Гази Баба“, се наведува во соопштението.

Од партијата велат дека очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им се важни интерeсите и потребите на граѓаните, општините и државата, туку се водат исклучиво од сопствени теснопартиски интереси.

 

 

 

09.02.2018 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега