Акција на полицијата во Скопје: Студент фатен со дрога, има приведени

Секторот за внатрешни работи  Скопје поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, изврши претрес на дом и други простории кај 29-годишниот М.А. студент од Јордан, со живеалиште на улица „Руѓер Бошковиќ“ во Скопје.

При претресот пронајдени се 133,75 грама марихуана, 19,85 грама амфетамин; 26 таблети (Ekstazi-МDMA), една дигитална вага со остатоци од марихуана и амфетамин и огледало со остатоци од амфетамин и кокаин. Предметите биле одземени со потврда за одземени предмети.

За време на претресот, во домот на М.А. биле затекнати и лицата Ѓ.А. (31) од Куманово и Ж.М. (20) од Тетово со адреса на живеење во Куманово, а во текот на вршењето на претресот во домот влегол и Д.С. (19) од Скопје. Полициските службеници извршиле преглед кај овие лица. Притоа, кај Д.С. била пронајдено една кесичка со марихуана, која со потврда била одземена, додека кај лицата Ѓ.А. и Ж.М. не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.

 

 

 

16.02.2018 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега