Грабеж во менувачница во Штип- по грабежот објектот се запалил

Вчера било пријавено дека во текот на претходната ноќ (14/15.02.2018 година) во Штип, на улица „Ванчо Прке“ во менувачница се случил грабеж.
Имено менувачницата во сопственост на 53- годишниот М.М непознат сторителот влегол во менувачницата од пултот одзел околу 30.000 денари- се вели во соопштението од МВР.
Потоа, од засега непознати причини избувнал пожар, односно почнал да гори двосед во менувачницата, а сторителот го напуштил местото на настанот.
Извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР-Штип.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

16.02.2018 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега